Закажете средба

Сигурни бројки
за сигурен раст

Надворешен финансиски менаџмент, контролинг и сметководство за компании што сакаат да растат без изненадувања.

Услуги

Сметководство

Прецизно, навремено и доверливо сметководство, со тим кој нуди долгогодишно искуство и современ пристап во работењето.

  • Финансиско и материјално сметководство
  • Пресметка на плати и надоместоци
  • Даночно советување и усогласеност
  • Завршни сметки и финансиски извештаи
  • Поддршка при контроли и ревизии

Финансиска анализа

Ги анализираме финансиските и оперативните податоци за да најдеме каде компанијата може да работи поефикасно и постабилно.

  • Профитабилност и структура на трошоците
  • Обртен капитал, побарувања, обврски и залихи
  • Планирање на ликвидноста и паричните текови
  • Кредитно портфолио и трошоци за финансирање
  • Процена на деловни одлуки и сценарија

Бизнис планови и физибилити студии

Бизнис план за нова инвестиција или проширување на капацитетите, за банка, за инвеститор или за вас самите.

  • Исплатливост и очекуван поврат на инвестицијата
  • Физибилити студии
  • Документација за банки, инвеститори и други институции
  • Можности за финансирање и финансиски ризици

Обуки

Обуки за контролинг, сметководство и финансиска анализа, со примери од вашата компанија, а не од учебник. Ги водат експерти со најмалку дваесет години искуство.

  • За сметководители и финансиски тимови
  • За менаџери без финансиско образование
  • Прилагодени на вашите бројки

Контролинг

Го споредуваме планираното со оствареното, навреме ги откриваме отстапувањата и ги утврдуваме причините.

  • Систем за управувачки контролинг
  • Месечни и квартални извештаи
  • Анализа на отстапувањата од буџетот
  • Профитабилност по производ, услуга и проект
  • Клучни показатели за успешност (KPI)

Надворешен финансиски менаџмент

Искусен надворешен тим за компании што имаат сметководство, но немаат финансиски директор. Без вработување со полно работно време.

  • Годишни буџети и финансиски планови
  • Парични текови и ликвидност
  • Задолженост, финансирање и финансиски ризици
  • Поддршка при инвестиции и развој
  • Координација со сметководството и банките
Закажете средба

Пристап

Од првата средба до редовни извештаи

  1. Средба

    Разговараме за организацијата на компанијата, финансиското известување и главните предизвици.

  2. Предлог

    Добивате конкретен предлог со услуги, динамика, начин на известување и финансиски услови.

  3. Соработка

    Континуиран ангажман или проект за конкретна потреба.

  4. Следење

    Редовни извештаи со јасни заклучоци и препораки.

За нас

Ние се грижиме за бројките – вие фокусирајте се на растот.

Finex му помага на менаџментот да има јасна слика за финансиската состојба на компанијата, навреме да ги препознае ризиците и можностите и да одлучува врз основа на релевантни информации.

  • Јасно

    Извештаи со јасни заклучоци и препораки.

  • Навреме

    Роковите се почитуваат без да мора да нѐ потсетувате.

  • Доверливо

    Вашите бројки остануваат меѓу нас.

Контакт

Закажете средба

Кажете ни накратко што ви треба. Ќе ви се јавиме за да договориме термин.

Телефон
+389 71 260 471
Место
Скопје
Што ви треба?

Податоците ги користиме само за да ви одговориме и да договориме средба. Повеќе во Политиката за приватност.